Јананкиески позитивен на ковид, одложено судењето за „Шпански скали“

од Берта Китинска
210 прегледи

Поради отсуство на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е позитивен на ковид-19 денеска беше одложено судењето за случајот „Шпански скали”.

Судијката, Фанка Јанчулева Михаиловска, на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски, на 7 февруари бранителот на Јанакиевски поднел барање за одлагање на закажаното рочиште бидејќо тој е позитивен на ковид-19 и приложил решение за самоизолација од 3 февруари.

Во случајот „Шпански скали“, освен Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов и сите се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на скопскиот плоштад ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 февруари .

Слични содржини