Јанчев: Ако чекаме да помине пандемијата, никогаш нема да направиме попис

од Nikola Popovski
368 прегледи

„Попис ни е неопходен, тоа е повеќе од јасно. Замислете 20 години да немаме попис, тоа е катастрофа. Ако доаѓате од бизнис секторот, имате попис секоја година или месец, и замислете држава да не си го попише сопственото население. Тоа се неколку генерации“, вели градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев за емисијата „Клик плус“.

Според него, пандемијата не треба да е пречка за спроведување на пописот, бидејќи како што вели, таа ќе трае подолго и покрај вакцините.

„Ако чекаме да помине пандемијата, па ќе дојдат изборите, па ќе дојдат други избори, и никогаш нема да направиме попис. Покрај населението ќе попишеме и многу други делови во општините кои не сме ги занеле до сега: од семејства, од образование, од енергетика од многу работи кои се предуслови за развој на една држава. Ништо не е страшно ако ги почитуваме протоколите, мислам дека треба да го одржиме пописот“, потенцира Јанчев.

Петнаесеттина дена откако беше донесен Законот за попис и неодамнешниот изнесен став на претседателот на државата Стево Пендаровски дека не би било проблем спроведувањето на оваа статистичка операција да се одложи и да се одржи во мај или јуни, вчера и премиерот Зоран Заев изјави дека таквата можност е вредна за разгледување. Но, нагласи, само ако станува збор за одложување од еден или два месеци.

 

Слични содржини