Јанчев делеше едукативни флаери за заштита од Ковид-19

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Вечерва на целата територија на Општина Кавадарци е реализирана акција за делење едукативни флаери за заштита од Ковид 19.

Во акцијата учествувале 5 групи кои беа составени од Градоначалникот Митко Јанчев, сите членови на Општинскиот кризен штаб, инспектори и вработени во јавните институции.

Поделени се над 1.500 едукативни флаери. Ова е само една од превентивните мерки кои денес беа донесени на Општинскиот кризен штаб на Општина Кавадарци.

На состанокот на Штабот за заштита и спасување на Општина Кавадарци во кој присуствуваат претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи Општа Болница Кавадарци, Државен пазарен инспекторат одржан на ден 25.03.2020 година по согледување на состојбата со КОВИД-19, донесени се и следните одлуки:

* Општина Кавадарци во соработка со ТППЕ, ЈП Комуналец, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за јавно здравје секојдневно да вршат дезинфекција на сите јавни површини на ретиторијата на град Кавадарци.

* Општина Кавадарци во соработка со ТППЕ, ЈП Комуналец, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за јавно здравје секојдневно да вршат дезинфекција на отворените и затворените делови од угостителските објекти по завршувањето на работното време.

Од почетокот на пандемијата во општина Кавадарци со вирусот Ковид 19 се заразени 47 лица од кои активни во моментот се 28, излечени се 18 и има едно починато лице, кое е странски државјанин.

Во изминатите 48 часа речеси 30% од вкупниот број на заболени се од Кавадарци, соопштија денес од Штабот за заштита и спасување на Општина Кавадарци.