Јанчев добил закани од сограѓанин во угостителски објект

од Nikola Popovski
471 прегледи

Кавадаречката полиција привела 35-годишен маж од Кавадарци кој насилно се однесувал и му се заканувал на градоначалникот на општината, Митко Јанчев.

-Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани, велат од МВР.

Мажот, како што соопштија од полицијата, е задржан во станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Заканите биле упатени во угостителски објект.

Слични содржини