Јанчев: Доколку Мијалков избегаше, ќе беше лошо за државата

од Nikola Popovski
318 прегледи

„За исчезнувањето на Сашо Мијалков мораше да реагира државата. Доколку тој избегаше, ќе беше лошо“, рече градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев за емисијата „Студио 10“.

Според него, самиот Мијалков сам ќе каже зошто го немало, но оваа показна вежба треба да поттикне сите да се преиспитаме и дека граѓаните ја губат довербата во институциите.

За случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев вели дека е еден од оние кои бараат смена на Мицкоски.

„Има многу аргументи, но по толку загуби и негативни ситуации, мора да даде оставка. Треба нов лидер со харизма“, рече Јанчев, нагласувајќи дека би се кандидирал за претседател на партијата.

Слични содржини