Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска побара брза реакција на надлежните институции по објавените информации за користењето на отпадно масло, како мазут, во Еурониел индустри.
– Институциите веднаш да реагираат и да ги проверат изнесените информации дека Еуроникел користи отпадно масло како мазут
Не смееме како градоначалник и општина да дозволиме интересот на бизнисот да биде пред здравјето на граѓаните. Со увоз на отпадно гориво кое е забрането во Европска унија, а кај нас се увезува како мазут и се употребува, знаејќи дека тоа има смртоносни последици некој мора да сноси одговорност. Ги повикувам надлежните државни институции како даватели на интегрираната еколошка А дозвола , царинската управа и инспекторатот за животна средина да ги испитаат изнесените информации во истражувањето во емисијата и да постапат доследно своите надлежностирече Јанчев
Тој појасни дека доколку не бидат превземени мерки од надлежните тогаш општината ќе реагира.
-Доколку надлежните институции не се вклучат, тогаш јас како градоначалник ќе ги превземам сите правни дејствија. Не верувам дека институциите на оваа тема ќе бидат неми, вели Јанчев.