Јанчев: Мицкоски да не ја дели партијата и да размисли за коалиција со Заев

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ вели дека не е дел од внатрепартиската иницијатива за свикување на вонреден конгрес за смена на актуелниот партиски лидер Христијан Мицкоски, но отворено бара промени во ВМРО-ДПМНЕ. Според него, само така партијата би се обединила и би ја вратила довербата кај граѓаните и меѓународната заедница.

Во однос на прашањето за можна судска разврска за печатот на ДПМНЕ, тој вели: „Тоа веќе води кон класична поделба на партијата и лидерот не треба да дозволи да дојде до такво нешто. Според мене, имаат легалитет и легитимитет делегатите, но има и тој како лидер и раководство. Затоа, не треба да дозволи да дојде до такво сценарио. Ако дозволи тоа да се случи, тогаш јас би размислувал дека тој е во корелација со Зоран Заев и сака да ја подели партијата. Со делењето, ВМРО би заминало во длабока опозиција и тоа би било во корист на СДСМ…“.

Јанчев смета дека треба да се размисли за идејата на премиерот Заев за формирање на широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО, посочувајќи дека при вака тесно мнозинство губи македонската популација.

Слични содржини