Јанчев повторно бил мета на закани

од Nikola Popovski
57 прегледи

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев добил нова закана. Според МВР, Јанчев вчера го пријавил настанот во полиција.

-Вчера во 14:05 часот во ОВР – Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години – градоначалник на Општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот, појаснија од СВР – Велес.

Ова е трета закана во рок од една година за градоначалникот откако кон крајот на декември 2024, кавадарчанец беше лишен од слобода бидејќи исто така на Интернет му се заканувал на Јанчев и неговата фамилија.

-Рано утрово во 00.05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци на социјални мрежи. С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија тогаш од СВР Велес.

Лани во мај, Кавадаречката полиција приведе 35-годишен маж кој насилно се однесувал и му се заканувал на градоначалникот. Заканите биле упатени во угостителски објект.

Слични содржини