Јанчев: Пред Анкентната за Кочани, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ упатија закана дека ќе удрат по мене

Пратеникот на Левица, Саше Јанчев денеска обзнани дека добил закана од прсатеници на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе „удрат по него“ поради учеството сообаќајната несреќа пред неколку месеци, во која имаше повредено двајца малолетници.

од Vladimir Zorba
61 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Пратеникот на Левица, Саше Јанчев денеска обзнани дека добил закана од прсатеници на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе „удрат по него“ поради учеството сообаќајната несреќа пред неколку месеци, во која имаше повредено двајца малолетници.

„Пред Анкетната комисија за Кочани од пратениците на власта во собраниските ходници добивме и закана дека поради Анкетната ќе удрат по мене. Демек ако Левица ја отвора темата за Кочани они ќе удираат по мене заради сообраќајната несреќа. Чиниш сообраќајната несреќа е исто со она што се случи во Кочани“, сподели Јанчев.