Кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци Митко Јанчев објави дека освоил победа уште во првиот круг и дека добил трет последователен мандат. Според градоначалникот, соодносот е 7:1.
„По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати! Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати!
Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија!
Ви благодарам од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што ја покажавте! Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот. Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа! Продолжуваме уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност. Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех“, стои во објавата на Јанчев.