Актуелниот градоначалник на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, кој е претендент за да го преземе кормилото на партијата, повикува на мирен протест на 2 ноември годинава во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски, пишува Јанчев на неговиот Фејсбук профил.
Во интервју за бугарската агенција БГНЕС градоначалникот на Кавадарци, вели дека апсолутно е нормално да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕсо последните изгубени избори.
„Јас воопшто не разбирам зошто не го признаваат Договорот за пријателство со Бугарија, како и Договорот од Преспа. Во принцип, ова е лоша политика и лошо раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Мора да има приземјување на лидерството, вклучително и промена. Ова се нештата. Нема ништо друго“, вели Јанчев.
Според него, на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се потребни единство и кохезија за да ги врати своите традиционални гласачи.
„Нашата партија падна од 470 000 на 320-340 000. Дури и околу 300 000. Оваа бројка само по себе докажува дека нешто не е во ред“, истакна Митко Јанчев.