Јанчев: Се интервенира на подметнати пожари кај Тиквешко Езеро

од desk2
78 прегледи Фотографија: Фејсбук страница на Митко Јанчев

Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко Езеро, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку неговата Фејсбук страница.

„Се прави се што е во наша моќ за истите целосно да се изгаснат. Во акцијата се вклучени, 3 БТР, 1 хермелин, 5 пинца, 3 возила на ТППЕ, 1 камион на шумско стопанство, 30 лица на терен, како и 2 авиона за гаснење пожари. Се соочуваме со два сериозни пожара на непристапни и ризични терени, кои се предизвикани од човечка рака. Се апелира за совесност и одговорност, бидејќи подметнувањето пожари претставува директна закана за природата, луѓето и материјалните добра“, напиша Јанчев на Фејсбук.