Јанчев се откажал од платата и службеното возило

од Nikola Popovski
150 прегледи

Од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, утрово беше објавено дека од стапувањето на функцијата, првиот човек на општина Кавадарци седум години ја донирал својата плата.

-Не само што јавно се откажа од месечниот надомест- плата и користење на службено возило, туку и истиот надомест е пренаменет во хуманитарни цели. Но, најважно од се е кога ќе ги погледнете таблите во прилог ќе можете да забележите дека градоначалникот Митко Јанчев преку општествено одговорните компании Кожувчанка, ЈА-МИ и Фондација Никола Јанчев, бележи огромна сума на донации и спонзорства за реализација на проекти за општина Кавадарци реализирани во 2022, 2023 и дел во 2024 година, стои во објавата на официјалниот профил на Јанчев на социјалните мрежи.

Според Кабинетот на Јанчев, вкупно 52.624.053,00 денари се средства кои градоначалникот преку овие компании ги донирал за општина Кавадарци и останати хуманитарни и општествени цели ширум Македонија.

-Овие компании на чело со Кожувчанка, не застануваат овде. Всушност нивната визија и идеја отсекогаш била да помагаат онаму каде што е потребно. Ова не е само помош, ова е придонес воопшто за општеството, истакнуваат од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци.

Слични содржини