Јанчева: Ако Владата купува сијалици и тоалетна хартија за град Скопје, што тогаш прави Арсовска?

од Nikola Popovski
250 прегледи

Од каде е таа сума од 120 милиони денари? Зошто? Она што е законска обврска на Владата е да обезбеди бесплатен автобуски превоз за средношколците и таа е реализирана. Владата кон град Скопје има нула денари долг. Тие пари се даваат како блок дотации и тие пари се составен дел на програмата за средно образование, која ја усвоивме како советници, истакна советничката од СДСМ во Советот на град Скопје, Љубица Јанчева.

Според неа, „ако се почнува со лицитации, нека се направи еден список па да видиме што друго му фали на град Скопје, па Владата нека даде“.

-Во тој случај што ќе прави градоначалничката ако Владата ѝ ги решава работите за кои таа има ингеренции? Што ќе правиме ние како Совет и мнозинството? Кога велам за список, има многу работи што фалат во град Скопје. Ајде Владата нека им купи тоалет хартија, сијалици, кои вработените сами си ги купуваат. Нека им купи селотејп, спојувалки, тонери. Што прави Арсовска тогаш? Зошто сме ние како Совет тогаш?, прашува Јанчева во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини