Јанчева: Арсовска покажува непочитување кон јавноста и непознавање на надлежностите на Градот

од Берта Китинска
385 прегледи

Градоначалничката Данела Арсовска преку претседавачот Трајко Славески закажа седница на Советот, без при тоа благовремено да ги покани медиумите, кои редовно ја следат работата на Советот.Ваквиот потег на Данела е невиден преседан во досегашната работа на Советот чии седници секогаш биле достапни за јавноста преку медиумите, вели во изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Според неа ова бегањето на Арсовска  од јавноста е непочитување на медиумите, но и на граѓаните чии претставници се советниците.

-Ако сака да сокрие Данела нешто нема да може.Уште во првите месеци од мандатот, Арсовска покажува непочитување кон јавноста и непознавање на надлежностите на Градот.Доказ за тоа е и сообраќајниот метеж во градот, кој се случи поради затајување на работата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, што е под надлежност на Град Скопје.Ова е срамно, неодговорно однесување кое скопјани не го заслужуваат.На денешната седница како точка на дневен ред не беше ставена донацијата, односно бесплатното украсување на градот, вели Јанчева.

Таа објаснува дека Данела Арсовска и Трајко Славевски треба да знаат дека секоја донација до Градот, мора да помине со одлука на Советот, ниту градоначалничката ниту кој било друг нема право самостојно да одлучува по однос на донации.

-Во меѓувреме, добро е што Советот посредно го прифати предлогот на советниците од СДСМ и коалицијата и се зголеми износот на средствата за помош на семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија.Новата администрација предводена од Арсовска, во сред пандемија не успеа ниту да донесе соодветни протоколи за работа на Советот, па затоа принудени сме оваа изјава да ја даваме пред бараките на Град Скопје.Неодговорно, несериозно и нечесно работење, тоа е одликата на првиот месец од работата на Арсовска, додва Јанчева.

Слични содржини