Јанчева: ДКСК да постапи по признанието на Арсовска за диловите на Мицкоски за автобуси

од Берта Китинска
284 прегледи

Данела Арсовска синоќа потврди дека Христијан Мицкоски бил вклучен во преговорите за набавка на автобуси за Град Скопје.Арсовска не одговори кој го овластил Мицкоски и во кое својство тој преговара за јавна набавка за Град Скопје која треба да се плати од парите на скопјани, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа потенцира дека Арсовска не кажала дали поради овие активности на Мицкоски таа го стопирала проектот Бас рапид транзит и се откажала од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

-Сето ова се причини за надлежните институции да постапат и да го истражат овој случај за кој постојат основани сомневања за незаконско постапување.Денеска, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата, по допрен глас да поведе постапка за овој случај.Мора да се истражат сите околности за да се спречи евентуална нова незаконска набавка, вели Јанчева.

Слични содржини