Јанчева: Конечно се создадоа услови за реконструкција на Универзална сала (ВИДЕО)

„Се отвораат можности за финансирање на инвестиции во повеќе општини, а дел од нив ќе бидат и во Скопје со усвојувањето на ребалансот на буџетот за 2020. година изгласан од страна на парламентарното мнозинство“, ова денес во изјава за медиуми го посочи, Љубица Јанчева, која е претседателка на Советот на Град Скопје и воедно претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

За реконструкцијата на Универзална сала се предвидени 120 милиони денари. Познато е дека Универзалната сала беше институција на културата и лице на градот. Имено, поради значењето на таа сала беше и повеќе од неопходна нејзината реконструкција.

Па така, конечно се создадени условите за отпочнување на целосна реконструкција на објектот на Универзална сала, во постојаниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.

Реконструкцијата на Универзална сала по проект којшто ќе ја задржи постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект.

Во продолжение, погледнете ја целата изјава на претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева:

 

Слични содржини