Оставаме ВМРО-ДПМНЕ да побара импичмент на Арсовска. Тие се мнозинството во Град Скопје и ја поддржаа. Ние не сме мнозинство, порача советничката од СДСМ во Градот Скопје, Љубица Јанчева.
Таа истакна дека работата на јавните претпријатија го гледаат преку извештаите.
-Се уште е рано за таков заклучок, само два извештаи се стигнати на дневен ред. Мнозинството ги поддржа управните одбори, тие го имаат механизам да видат и контролираат, вели Јанчева во емисијата „24 анализа“.
Според неа, во оваа ситуација, нема можност за предвремени избори за Совет.
-Да оставиме простор на времето. Влегуваме во буџетски период, се прави новиот Буџет. Имаме нереализирани проекти, кои сега треба да се реализираат. Што ако овој проект за кој имаме 136 милиони евра и плус грант од 72 милиони евра од Влата ни пропадне? Такво неодоговорно однесување и од мнозинството и од градоначалничката…Мнозинството треба да ги реализира проектите, кои ја поддржаа програмата, рече Јанчева.