Јанчева: Oсвен што е деструктивна коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ сега прераснува во кеш коалиција

од Берта Китинска
248 прегледи

Откако Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучување на прославата на новогодишната ноќ на плоштадот, на ред е Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да даде одговори.Кој му платил на Георгиевски за озвучувањето? По кој основ на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра?, прашува Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

-Ова е скандал кој може да биде основа за корупција.Особено ако нстапот на Георгиевски претходно бил договорен.Очигледно дека коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ функционира и на локално ниво и освен што е деструктивна, таа сега прераснува во кеш коалиција меѓу двете партии.Арсовска да излезе пред граѓаните и да ги даде сите одговори, наместо да се крие зад штури соопштенија од Град Скопје, посочува Јанчева.

Слични содржини