Само една и пол година откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во главниот град, Скопје тоне на секое поле. Наместо да се развива, Скопје со ДПМНЕ и Арсовска назадува. Последниот скандал е поврзан со Зоолошката градина, која во времето на СДСМ доживеа неверојатен развој и успешно се менаџираше, обвини советничката од СДСМ во Советот на град Скопје, Љубица Јанчева.
Како што вели, со ДПМНЕ, наместо развој, Зоолошката градина се соочува со низа проблеми, а последно е тоа што го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини.
-Пропадна шансата за членство во престижната асоцијација, цел на која се работеше со години, а сегашната состојба значи губење на сериозна финансиска поддршка и спречување на нејзиниот развој. Исфрлањето како член кандидат значи дека немаме право да аплицираме во наредните осум години и не смееме да соработуваме со ниту една зоолошка градина. Најголема штета е што со влез на Скопје во ЕАЗА, зоолошката ќе беше независна од буџетот на Град Скопје и ќе се градеа нови проекти. ДПМНЕ не можат ниту една зоолошка градина да менаџираат и да ја внесат во ЕАЗА, а камоли да направат нешто повеќе, рече Јанчева.