Јанчева: ВМРО- ДПМНЕ да одговори за милионските долгови на ЈСП и плаќањето поскапо гориво?

од Берта Китинска
149 прегледи

За само една година локална власт на медарите од ВМРО-ДПМНЕ градот Скопје е во хаос.Најосновните функциии и сервиси локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје не може да ги испорача, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа посочува дека поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка, Скопје за првпат во историјата останал без јавен превоз, а вработените во ЈСП без плати.

-Дали меѓу причините за овој милионски долг на ЈСП е анекс договорот за набавка на горива, поскапо за 5,6 денари од редовната цена?Зошто мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ молчи за овој договор? Кого штитат на грбот на скопјани? Дали поради тоа што членовите на Управниот и надзорниот одбор на ЈСП, се членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ?Колапс на ЈСП, на огромни долгови, на задоцнети плати и прекин на јавниот превоз тоа е резултат на несподобноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната градоначалничка Арсовска.Токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја промовираа како кандидат, ја носеа на терен со другите кандидати за градоначалници, шетаа заедно по митинзи, славеа заедно во белиот дворец, посочува Јанчева.

Советничката вели дека Мицкоски во името на градоначалничката најавувал проекти и набавка на автобуси за Скопје.

-Наместо бесплатен превоз скопјани останаа без превоз. Наместо нови авотбуси останаа и без тие што ги има.Нема превоз, нема нови автобуси, има само раце во мед, партизација на институциите и неспособност.Неспособните медари од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните на Скопје, порачуваа таа.

Слични содржини