Со денови Данела Арсовска молчи во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговара за набавка на нови автобуси за градот Скопје, Молчи и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.
Јанчева вели дека тврдењето на Мицкоски дека тој преговарал и веќе се подготвувала тендерска документација за набавката на нови автобуси отвора сериозни сомнежи за корупција.
-Сомнежите за корупција се основани, особено што во буџетот на Град Скопје нема ставка за набавка на 100 електрични автобуси, во Годишниот план за јавни набавки на Град Скопје исто така не е предвидена набавка на 100 електрични автобуси.Дали зад оваа набавка се кријат приватни интереси со странските фирми со кои на сомнителен начин е одлучено да се преговара?, прашува советничката.