Јане Велковски: Се чуствувам слободен и независен со оваа количка (ВИДЕО)

од Берта Китинска
332 прегледи

Не е случајност што сето ова ми се случи на мене. Не затоа што беше лесно да се направи, туку ја имав поддршката на своите родители, можноста да се образувам и се разбира оваа модернизирана количка. Јас се чуствувам слободен и независен со оваа количка, вели четиринаесет годишниот активист за пристапност, Јане Велковски кому му е дијагностицирана Спинална мускулна атрофија (СМА) во видео за американската медиумска компанија „TED“ во говорот за независната слобода што му е овозможена преку неговата асистивна инвалидска количка.

Болеста на Јане претставува намалување на функцијата на сите мускули во телото, додека умот продолжува да работи нормално. Спинална мускулна атрофија е една од најчестите ретки болести кои се појавуваат во раните возрасти.

„Живееме во општество кое не е многу пријателски конструирано и достапно за млади луѓе со некаков инвалидитет како мене. Треба да размислуваме да се промени тоа. Човек што може да оди има потреба од помош во работи што јас можам да ги правам добро. На пример јас можам дa му помогнам на мојот другар во решавање на тестот по математика, додека тој може да ми помогне за мојот училишен ранец. Јас не ја забележувам разликата тука“, истакнува Јане.

Слични содржини