Јанев: Нема да отстапиме од ставот за С.Македонија, се работи за бугарски национални интереси

од Берта Китинска
328 прегледи

Бугарија нема да отстапи од ставот за Република Северна Македонија, бидејќи се работи за бугарски национални интереси, како и за основни европски правила, кои ги засегаат правата на граѓаните на ЕУ, категоричен беше премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, во „Денот почнува“ на БНТ.

„Во моментов, преодната влада прави напори да им ја објасни бугарската позиција на нашите европски партнери, бидејќи досега не е доволно добро соопштена“, рече тој.

Според него, „нашите партнери во Брисел веќе даваат позитивни сигнали и само треба повеќе време да ја разберат тезата за Бугарија“.

Во однос на несреќата на автопатот „Струма“,, тој смета дека државата мора на најдобар можен начин да ја истражи трагедијата „за да извлече заклучоци и да извлече поуки кои ќе не штитат од слични инциденти во иднина“.

Повика да се почека истражителите да си ја завршат работата и тие да се произнесат за причините и да се спроведат соодветни мерки, за слично нешто да не се повтори.

Слични содржини