Ние го сфаќаме националниот идентитет како етнички, што е голема грешка. Идентитетот не се пренесува преку крвта, вели шрофесорот Горан Јанев од Институтот со социолошки и политичко-правни истражувања во емисијата „Трилинг“.
Во односите со Бугарија, Јанев вели дека Европа има суштински проблем зошто се базира на принцип на солидарност на здружување, и со тоа оставила простор за злоупотреба на тоа, односно право на вето една една членка.
„Тоа право го злоупотреби Грција, но имаше надворешна поддршка од самиот почеток. Исто се сведува и приказната со Бугарија доколку имаат надворешна поддршка на нивните апсурдни и нездрави барања. Германците влегле во Југославија со војска и административци и на Бугарија и дале дел да го администрираат. Штом е под сила тоа администрирање, тоа е окупација, не е доброволно приклучување. Влегување во дебати дали е тоа историска вистина е небулозно. Прашање е дали Европа ќе и даде за право на Бугарија тоа да го поставува на дневен ред или не.“ изјави Јанев.