Јанев: Никој не е над законот, криминалот нема иднина

од Марта Пешевска
56 прегледи

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, по повод Денот на полицијата испрати јасна порака до раководството на институцијата: функцијата не е привилегија, туку одговорност.

„Никој не е над законот. Ако некој заборавил зошто е тука – ќе го потсетиме. Полицијата не е за владеење, туку за служба со чест и интегритет“, истакна Јанев.

Тој нагласи дека се води најрешителна борба против криминал и корупција, без калкулации и заштитени поединци. Разбиени се нарко-мрежи, терористички ќелии и расчистени се долгогодишни убиства и изнуди.

„Криминалот нема иднина. Македонија повеќе не е прибежиште за валкани зделки – ова е држава на правото“, порача Јанев.