Јанева бара Зврлевски да не и се меша во Специјалното обвинителство

од Vladimir Zorba
79 прегледи
Специјалната обвинителка Kатица Jанева повика Специјалното обвинитество да се изземе од измените на Законот за плати на јавните обвинители. Според неа новите одредби значат мешање на Зврлевски и Ставревски во автономијата на Специјалното обвинителство.
download (2)
„Би сакала да укажам дека со одредбата во предложениот закон за плати на јавните обвинители, која го овластува јавниот обвинител на Република Македонија, по претходна согласност од министерот за финансии, да одлучува за додатоците на јавните обвинители во ова јавно обвинителство, се кршат воспоставените принципи на автономност и финансиска независност на ова јавно обвинителство“, стои во соопштението од кабинетот на Јанева.
„Принципот на автономност подразбира мое автономно постапување како специјален јавен обвинител и исклучено е секакво влијание во работата од страна на јавниот обвинител на Република Македонија“, се додава во соопштението.
Инаку измените на законот со кој судиите и јавните обвинители ќе земаат повисока плата  со 56 гласа „за“ и 24 „против“ собранието ги усвои во скратена постапка.