„Горда сум на СЈО и тимот што го водев, постапував професионално и законски и не сум го прекршила законот.Се уште одам со крената глава“.
Ова се зборовите кои екс специјалната обвинителка Катица Јанева ги кажа во судницата при воведните зборови за случајот „Рекет“ во кој е обвинета заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.
Таа потенцираше дека се изложила на голем ризик во изминативе 4 години и дека очекува судот да ги цени доказите.
– Очекувам судот да ги цени доказите и дека ќе ме ослободи од обвинение
И се надевам дека не се плаши од зборовите на обвинителката за тресење од гаќи, изјави Јанева на адреса на Рускоска.
Јавната обвинителка пак претходно сподели дека ќе изнесе докази кои покажуваат дека првообвинетиот Боки 13 преку Зоки Милески Кичеец први стапиле во контакт со Ана Камчева, сопругата на Орце Камчев, од кого е земен рекетот.
– Обвинетиот Кичеец може ќе слушнете дека се што направил било да му помогне на Камчев, зошто го чувствувал како брат, но ќе видите и дека не заборавил да ја земе торбата полна пари, изјави Рускоска.
Кичеец веќе се прогласи за виновен по обвиненијата за случајот, додека Јанева и Јовановски не чуствуваат вина.
Следното рочиште е закажано за 6 декември во 10 часот.
И.Р.
Фото: Борче Поповски