Јанева ја најави првата акција „Титаник“, осомничени екс министерката за внатрешни работи и екс министерот за транспорт

од Vladimir Zorba
118 прегледи

На прес конференција Специјалното обвинтелство ја најави првата акција под името „Титаник“, за дела поврзани со изборите.

FED679342CFACD4DA04D53A22A582AFE
„После огромен број на преземени предистражни дејствија произлезе основано сомнение дека одредена група на луѓе со целокупно криминализирање на изборниот процес направиле кривични дела. Се работи за кривичните дела злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избираите, поткуп при избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања, беше објавено на прес конференцијата.

Осомничени се поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, како и за генералниот секретар на Владата, а како што беше кажано, кривичните дела предвидуваат затворски казни од најмалку 3 години затвор.

За одредени лица е побарана мерка притвор, а едно лице веќе било уапсено.

Осомничени биле и 5 судии од Управен суд.