Јанева ќе биде спроведена во „Идризово“

од Берта Китинска
262 прегледи

Катица Јанева ќе биде спроведена од домашен притвор на издржување казна затвор во затворот „Идризово“.

Како што пишуваат повеќе медиуми, Основниот суд во Гевгелија го издал налогот со кој екс обвинителката на СЈО, Катица Јанева ќе ја издржува 7 годишната казна затвор.

Апелациониот суд Скопје постапувајки по Кривичниот предмет КОКЖ-91/20, познат во јавноста под името „Рекет“ донесе  одлука со која жалбите  на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата  Катица Јанева од Скопје ги одби како неосновани  , а ја потврди првостепената пресуда.

 

Слични содржини