Јанева: Ќе останам до крај специјален обвинител, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за мое разрешување нема основа

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Додека можам да бидам специјален јавен обвинител ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција, рече денеска Катица Јанева одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-мракови. Дали имаме реформи и зошто не?

Јанева не сакаше да го коментира прашањето дали е потребна лидерска средба за да се најде решение за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот стстус на СЈО.

Според Јанева, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од функцијата во СЈО е политичка изјава која, како што рече, „ниту држи вода, ниту е на место и нема основа“.

-Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон, рече Јанева.

Таа истакна дека согласно Законот за СЈО мандатот и истекува во септември, додавајќи дека доколку сега се донесе нов закон не и истекува мандатот на 15 септември.

-Ако моето место оди на реизбор, тогаш тоа е нормална работа што е демократско право во секоја држава, нагласи Јанева  и додаде дека повторно ќе конкурира да биде специјален јавен обвинител.

Слични содржини