Јанева не дојде на седницата на Советот на јавни обвинители

од desk3
141 прегледи

Почна седницата на Советот на јавни обвинители, на која членовите треба да расправаат за работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

javni obviniteli

На седницата не е присутна Јанева, а јавниот обвинител, Марко Зврлевски, по службена должност е меѓу членовите на Советот.

Според најавите, на седницата треба да се разгледува и примопредавањето на прислушуваните материјали што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 30 декември ѝ ги предаде на специјалната обвинителка, за што не е направен записник.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, пред почетокот на седницата најави дека по нејзиното завршување ќе даде изјава за медиумите.

 

META