Јанева не се појави во Апелациониот суд поради здравствени причини

од Берта Китинска

На јавната седница во Апелациониот суд денеска не присуствуваше поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која беше осудена во случајот “Рекет” на казна затвор од 7 години.

Според информациијата во медиумите пред почетокот на судењето, судечкиот совет информирал дека поради здравствени причини таа не е во можност да присуствува на јавната седница.

Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори на 15 јули 2019 година, кога беше уапсен и Јовановски, додека Јанева стана осомничена на 21 август истата година.

Бојан Јовановски доби 9 години затвор од Кривичниот суд, додека за Катица Јанева беше издадена седумгодишна казна затвор. Тие имаа право на жалба, и го искористија тоа право, со што сега Апелација може да ги потврди казните со што би станале правосилни, но може предметот да го врати на повторно судење.

Слични содржини