Во изминатиот период предмет на интерес на повеќе медиуми беа членската книшка на политичката партија СДСМ и уплатницата за наводна верификација на членство на кои беше испишано името и презимето Катица Јанева.
„Се работи за невистинити документи. Јас никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ, ниту пак сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија.“ – истакна Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Апелираме медиумите во иднина пред да објават вести во кои се повикуваат на наводни документи, да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат од субјектите посочени како нивни издавачи, а во насока на правилно и точно информирање на јавноста. Воедно апелираме надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со оглед дека во изминатиот период ваквата злоупотреба се повторува.