Јанева се враќа во „Идризово“ откако била фатена дека не оди на работа кај нејзиниот син

од Nikola Popovski
813 прегледи

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева e вратена во затворот во Идризово откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син. Со тоа, Јанева повеќе не може да го користи правото на т.н. делумна слобода.

Службени лица од Управата за извршување на санкции извршиле увид во адвокатската канцеларија и затекнале дека таа е затворена односно нема никој. Ова го обелоденил новиот директор на Управата, Александар Пандов.

Од февруари годинава, Јанева ги исполнуваше условите за ваквиот тип на слобода. Претходно, таа работеше во библиотеката во затворот и ѝ беше дозволено да користи викенди.

Јанева беше уапсена како осомничена во „Рекет“ на 21 август 2019 година, по што беше во притвор, а по досудената затворската казна од 7 години беше преместена во „Идризово”.

Затворската казна на екс-специјалната јавна обвинителка ѝ истекува на 21 август 2026 година, но не е исклучена можноста за нејзино помилување, поради примерно однесување.

Слични содржини