Jaнева тет а тет со Ковеси- Романската обвинителка што апси премиери ги споделила искуствата

од desk4
119 прегледи

Главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија, Лаура Кодрута Ковеси, денеска се сретнала и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

IMG_0755-300x225

На средбата се разговарало за повеќе теми од интерес на работењето на ова Јавно обвинителство, а воедно биле разменети искуства од аспект на соочување со предизвиците во борбата против корупцијата на високо ниво и потешкотиите со кои се соочуваат институциите при ваквата борба, стои во соопштението на Специјалното обвинителство.

IMG_0758-300x225

Ковеси и Јанева утре ќе имаат свое обраќање на конференцијата со наслов: „Ефикасна борба против високата корупција: Прашање на личност или на систем“.