Јаневска: Без квалитетни наставници, не можеме да добиеме ништо, ни со најквалитетните наставни програми

од Илинка Илиоска
54 прегледи

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека наставниците се клучни за спроведување на сите образовни реформи и дека тие мора да бидат активно вклучени во процесот на промени. „Наставните програми можат да ги подготват најголемите експерти, но ако нема кој да ги спроведе, нема да постигнеме ништо. На нас наставниците ни се важни, и сите промени ќе ги правиме преку заедничка соработка,“ рече Јаневска во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма.

Таа нагласи дека обидите за наметнување на новини во образованието без соодветна поддршка и мотивација на наставниците не можат да донесат успешни резултати. „Ако нешто се обидете да им наметнете на наставниците, тоа не може да даде плод во образованието,“ додаде министерката, истакнувајќи ја важноста на пронаоѓање на најсоодветните методи за пренесување на знаењата.

Јаневска најави продолжување на обуките за наставниците, како и значително покачување на нивните плати од следната година.

Слични содржини