Јаневска: Ја сменивме програмата за 7. одделение – се враќа предметот Историја

од Nikola Popovski
6 прегледи

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска синоќа од Велес најави дека сменета е програмата за седмо одделение од основното образование и во неа повторно е вратен предметот Историја.

-Ја сменивме програмата за 7 одделение и од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина, а учебникот е во печатење, рече министерката Јаневска на партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно информира дека од претстојната учебна година по шест години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странски јазици: англиски, германски.

Јаневска информира дека е сменета програмата за прва година гимназиско образование. Законот за високо образование, како што каќа, се доработува со уште неколку закони.

Министерката Јаневска појасни и дека МОН дава поддршка за младите кои имаат изработено свои иновации во науката и за нивно пласирање и поддршка надвор од земјава, како и дополнителна награда и поддршка  за оние ученици кои освоиле први места и медали на разни европски и светски натпревари во областа на науката.

Слични содржини