Јаневска: Прашање е дали ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“ е проблематичен, системот не е спремен за проблемите

од Nikola Popovski
74 прегледи

Во јавноста се уште се зборува за случајот со третоодделенецот од ОУ „Лазо Ангеловски“ за кое повеќе деца и родители обвинија дека има проблеми со однесувањето. Според денешната изјава на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, не е точна информацијата дека има писмо од МОН кое стигнало до училиштето, во кое пишувало дека детето ќе се запише во друго училиште.

Јаневска во изјава за медиумите рече:

-Прашање е дали детето е проблематично или системот е проблематичен. Системот не е спремен да се справи со проблемите кои се појавуваат во него. МОН постапува според закони и можности, иако ингеренциите на ресорот во случајов се најмали. Многу поголеми ингеренции имаат училиштето, општината, социјалните служби. Сепак, ние детето нема да го напуштиме и се уште сме во процес на барање на најсоодветно решение за момчето.

Кон крајот на минатата година, беше одлучено дека проблематичниот ученик ќе следи онлајн настава до крајот на првото полугодие. Во ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром во првото полугодие имаше неколкудневен бојкот на наставата кој беше поддржан од сите ученици и родители, по неуспехот ученикот да се префрли во ОУ „11 Октомври“, каде што исто така протестираа родителите на учениците од ова училиште.

Слични содржини