Јаневска: Приватните универзитети да си вработат доктори на науки, а не да ги злоупотребуваат

Претходно затворивме 14 така наречени универизтети, а најбрутален пример беше кога комисијата од МОН најде Универзитет регистриран во кладилница со фвајца вработени, а научната дејност требало да се обавува во задната просторија каде имало два душека и два стола

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Критериумите за работа на високообразовните инстутуции, кои се предвидени со измените на Законот за високо образование, според министерката за образование и наука Весна Јаневска се потребни за да се подобри квалитетот на високото образование. Таа ова го изјави денес на новинарско прашање по забелеѓките на дел од универзитетите и образовните институти дека критериумите се престроги, бидејќи треба да имаат повеќе доктори на науки, а дел од нив сметаат и дека и периодот за прилагодување е прекраток.

Министерката Јаневска изјави дека претходно затвориле 14 така наречени приватни институти, бидејќи не ги исполнувале потребните критериуми за работа.

– Најбруталниот пример беше кога Комисијата од МОН отиде да направи увид во еден Институт, тој беше регистриран во кладилница, во задната просторија на кладилницата каде што Институтот требаше да ги обавува своите функции на две столчиња и на два душека и тој беше веднаш затворен. Вработени беа двајца луѓе и беше прекршен законот. Тоа е најбруталниот пример што ви го кажувам. Но ние водиме 34 високо образовни институции и установи во земјава и апсолутно е недозволиво затоа што под називот приватен институт дефакто се обавуваат други функции, како што е примерот со кладилницата, изјави Јаневска.

Според неа критериумите за работа на високообразовните установи не се нешто што арбитрарно го измислиле, и рече дека направиле сериозна анализа на многу закони од различни европски и неевропски земји и дека заклучиле дека ова се мерки кои се потребни за значајно да се подобри квалитетот на високо образовната, но и научната дејност во земјата.

-Да можно е да е тешко да се обезбедат десет доктори на науки но со оглед на тоа дека продукцијта на доктори на науки беше висока им препорачувам да си најдат од тие што чесно ги завршиле тие студии да си вработат луѓе наместо да ги злоупотребуваат. Денес ги примаат десет поминува институционалната акредитација, по два дена ги отпуштаат. Тоа исто така не е во ред и за тоа сме свесни во моментот, изјави Јаневска.

Според неа Законот за високо образование ка прави единствена академската заедница, бидејќи истите критериуми важат и на УКИМ и на УГД и на ДУТ и на тој начин може да има циркулација на професори и научен кадар меѓу нив.

-На почетокот, по донесување на законот, може да и ангажираат луѓе кои исполнуваат услови кои работат на еден Институт и дополнително ќе работат кај нив додека да создадат кадар. Оти кадар се создава низ сериозна работа, а не преку купени дипломи. Мислам дека ме разбравте, изјави Јаневска.

Според неа барањето докторите на наука да имаат објавено два докторски труда и еден труд кога магистрирале, не се престорги и додаде дека до понеделник законот ќе биде отврен за забелешки и секоја сериозна забелешка ќе биде земена предвид, по што тој оди во владина процедура.