20
Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека процентот на одлив на студенти треба да се пресметува врз основа на бројот на запишани, а не на бројот на слободни места од конкурсот. Според неа, реалниот одлив е помал отколку што досега се прикажувал.
Јаневска нагласи дека се работи на подобрување на условите за студентите преку стипендии, нов закон за високо образование и современи студиски програми со повеќе практична настава. Ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, информираше дека Конкурсот за запишување студенти за академската 2025/2026 година е усвоен и наскоро ќе биде објавен.