Јаневска: Со дигитални учебници ранливите категории на деца нема да бидат рамноправни во образованието

од Vladimir Zorba
296 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не рекло дека е против реформи, поддржуваме реформи и никогаш не сме рекле дека сме против дигитализација, напротив први со децении работевме на дигитализација, туку она што против кое сме е употреба на само дигитални учебници. Хартиени учебници мора да има, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, за Анализа на ТВ24.

Јаневска смета дека тоа што го нудат МОН и Царовска не е дигитализација, туку само дигитални учебници и да не се манупилира дека ВМРО-ДПМНЕ е против дигитализација.

– Првата опција за децата и за наставниците мора да бидат хартиените учебници. Знаеме колкава е бројката на ранливи категории и тие кои се на раб да станат ранливи во пандемијата и дека тие никако нема да бидат рамноправни во употребна на само дигитални учебници, вели Јаневска.

Слични содржини