Јаневска со одговор по наводите за „трампа“ на ресорите здравство и образование меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

од Nikola Popovski
201 прегледи

По вчерашните шпекулации дека е можна „трампа“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на ресорите здравство и образование, денеска со свој став излезе актуелната министерка за образование, Весна Јаневска. Таа одговори дека државата има премиер и веројатно има преговарачки тимови во коалицијата.

-Тоа е нивна работа и тие ќе кажат како ќе биде, рече Јаневска запрашана дали би се преселила во ресорот кој засега се уште го предводи министерот Арбен Таравари.

На новинарско прашање дали би прифатила таква опција доколку до неа дојде таков предлог, министерката посочи дека сосема е рано да се размислува во тој правец.

-Кога ќе дојде тој момент, тогаш ќе разговараме, потенцира Јаневска и додаде дека во моментов „има голема работа што не е завршена во текот на мандатот“. Децидна е дека не е вклучена во преговорите во владеачката коалиција.

Слични содржини