Јаневска: Во тек се дискусии за зголемување на платите на наставниците помеѓу СОНК, МОН и премиерот

од Илинка Илиоска
45 прегледи

Се одвива дискусија помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Министерството за образование и наука (МОН), и премиерот Христијан Мицкоски за зголемување на платите на наставниците, изјави денес министерката Весна Јаневска.  Таа рече дека темите на разговор ја вклучуваат методологијата, потребите на наставниците и финансиските можности на државата.

-Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите, вели Јаневска.

Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира.

Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се  зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.

-Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи се што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме това, вели Јаневска.

Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, потоа за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.

„Во буџетот за 2025 година планираме зголемување на студентскиот оброк. Во тек е реконструкцијата на два студентски дома во Скопје, а се предвидуваат повеќегодишни реконструкции на други домови ширум земјата. Зголемен е бројот на стипендии, а исполнивме и некои од барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, со што на оние кои имаат 180 кредити им овозможивме да аплицираат за постдипломски студии. Исто така, направени се промени за студентите кои сакаат да се запишат на Педагошката академија. Сè што можеме како држава и министерство, го реализираме веднаш,“ додаде таа.

Јаневска рече дека преговорите продолжуваат и за Законот за студентскиот стандард, како и за другите студентски барања.

 

.

 

Слични содржини