Јаневски: Имаме проблем со персонал во туризмот и угостителството, потребно е нашите кадри да ги задржиме тука

од Берта Китинска
227 прегледи

Во домашниот туризам се инверстира, но треба да се инвестира повеќе оти средствата се враќаат, вели Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот за Утрински брифинг.

-Стратегијата што ја немавме досега сега се рефлектира. Имаме проблем со персонал во туризмот и угостителството. Потребно ни е да вложуваме во нашите кадри и да ги задржиме да работат тука. Ние се подготвуваме, но се соочуваме со предизвици и ги решаваме. Оваа економска криза нѐ научи на неколку работи. Едната е туризмот носи пари, а втората е дека треба да ги шириме капацитетите и човечките потенцијали, вели Јаневски.

Тој додава дека не само што треба да се вложува во нови туристички капацитети, туку треба да се вложува и во постојните капацитети и во подигањето на квалитетот на услугата и во обука на персоналот.

-Треба да се посветиме и на руралниот туризам. Ако не можеме да градиме во Охрид, можеме европските фондови за поддршка на туризмот да ги користиме за градење на други локации кои можат да понудат атрактивна туристична понуда, кажа Јаневски.

Слични содржини