Јаневски: Струмица останува симбол на демократијата

од desk2
92 прегледи

Преостануваат уште шест денови до денот кога треба со својот глас да ја определите насоката по која ќе продолжи да се движи и развива нашата Струмица. Дали тоа ќе биде патот на прогресот, сплотеноста и заедништвото, како и досега или почеток на некаква нова ера без јасен патоказ како понатаму, истакна кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски на денешната прес-конференција.

– За идниот развој на општина Струмица нудиме многу проекти. Над 20 капитални објекти планираме да реализираме во претстојниот мандатен период, и стотина други помали проекти кои се од интерес за сите граѓани во општината, рече Јаневски. Додаде, дека ќе градат по план и оти треба да обезбедат инфраструктура за сите.

– Ќе обезбедиме инфраструктура за сите, чиста вода и здрава животна средина, повеќе пари кај граѓаните и ќе ги намалиме разликите меѓу градската и селски средини. Ќе работиме посветено и одговорно. Струмица беше и останува симбол на демократијата и на желбата за слободно граѓанско општество во Македонија, но и општина која била, е и секогаш ќе биде прва, рече Јаневски.