349
„Кога зборуваме за „Безбедно како дома“, во овој момент спрема анализира на Агенцијата, фокусот и кампањата за 2021 година ќе биде фокусиран на регионот и традиционалните пазари“, изјави директорот на Ангецијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски.
Според него, на Агенцијата ѝ претставува големо задоволство, затоа што можеби 2020 и 2021 година, покажаа дека одредени други дестинации кои можеб беа подзаборавени, почнуваат да се отвораат со веќе конектирање на нови линии.
„Таргетот се туристите од Србија, Полска, Албанија, Косово, Бугарија и Турција. Во 2019 година, 49 проценти од вкупниот број на туристи биле од регионот и генерирале повеќе од 51 процент од ноќевањата“, вели Јаневски во гостувањето на „Топ тема“.