Јанг: Досадно е кога не се игра плеј-оф

од Nikola Popovski
470 прегледи

Треј Јанг, еден од најдобрите кошаркари на Атланта Хоукс, смета дека е време сите да се сериозни и да го сменат своето гледиште за сезоната, а секој натпревар го третираат како да е борба во плеј-офот.

Тој, сепак, призна дека било многу тешко да се направи тоа.

-Момците полека учат. Ние веќе не сме ловци. Регуларната сезона е во тек. Нема да лажам, многу е подосадно отколку во плеј-офот, но таа мотивација мора да се најде како да играме во елиминациите, вели Јанг.

Јанг, кој повторно беше најдобар во редовите на Хоукс во поразот од Јута со 21 поен за 34 минути игра, смета дека треба некој да се жртвува за да се победува.

-Мораме да одредиме кој ќе се жртвува за да победува овој тим. На крајот, се е до тоа. Ако победувате, сите се задоволни, потенцира тој.

Атланта влезе во сезоната со големи амбиции, бидејќи минатата сезона играше финале на Истокот, но очигледно е дека не започна како што очекуваа.

Следниот натпревар го играат ноќта меѓу недела и понеделник кога гостуваат кај Феникс Санс.