Јанис ќе го потпише најскапиот договор во историјата на кошарката

од Nikola Popovski
267 прегледи

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, дефинитивно останува дел од тимот и го потпиша најголемиот договор во историјата на кошарката, пренесува НБА-инсајдерот Шемс Чаранија.

Милвоки му дава на Адетокумбо повеќегодишен договор вреден загарантирани 256 милиони долари, со што „Грик Фрик“ ќе ја продолжи својата лојалност кон тимот, во кој е веќе седум години.

Бакс го драфтвуваше во 2013 година како 15-ти пик, во време кога Џабари Паркер беше замислен како „прва виолина“ на тимот.

Повредите на Паркер му отворија простор на Јанис, кој добивајќи мускулна маса, започна да ги води нападите како плејмејкер од позицијата крило.

Потоа започна да доминира и како резултат на тоа имаше две последователни МВП награди на НБА-лигата.

Во претходната сезона Адетокумбо имаше просек од 29,5 поени, 13 скока и 5,6 асистенции со 55,3 проценти шут од играта и 30,4 проценти зад линијата на 7,25 метри.

 

Слични содржини