Јанис Варуфакис: Излегувањето на Грција од еврозоната не е блеф

од Vladimir Zorba
106 прегледи

“Ризикот Грција да ја напушти зоната на еврото, ако треба да прифати уште мерки за штедење, не е блеф”, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, додавајќи дека никој не може да предвиди какви ќе бидат последиците од таков исход. Во разговор со норвешкиот филозоф Џон Елстер, направен во крајот на март и објавен во француско списание, Варуфакис вели дека не е време да се блефира околу преговорите за долгот на Грција.

grcija1(3)

“Не може да се  блефира повеќе. Кога велам дека ќе завршиме со тоа што ќе го  напуштиме еврото, ако треба да прифатиме уште нестабилни штедење, тоа не е блеф “, изјави Варуфакис. На прашањето што ќе се случи ако Грција ја напушти еврозоната и се согласува ли  е со европските политичари, според кои ефектот на зараза може да се избегне, Варуфакис објави дека последиците ќе бидат непредвидливи. “Грција е во менгеме, Грексит наближува се повеќе”, коментираат светските медиуми , цитирани од “Етнос”.

Британскиот “Гардијан” смета дека министрите за финансии од еврозоната во приватните разговори велеле дека имало уште време за договор меѓу Грција и нејзините кредитори, но изразувале и мислење дека моментот во кој партијата СИРИЗА ќе капитулира или Грција ќе ја напушти еврозоната, се повеќе се доближува. Весникот не исклучува на крајот да се дојде до некаков компромис, кој ќе им овозможи на Грција да останат во еврозоната , но истакнува дека шансите за тоа се намалувале со секоја наредна недела и дека наскоро кризата требало да се појави со уште но поголема сила.

Агенција Блумберг зборува за Грција како за земја, која се наоѓа во “финансиско менгеме” и навестува за европаника. За грчката криза списанието. “Економист” користи нов концепт – “Греџ”, комбинација на зборовите “Greece” и “edge” (Грција и крај, на работ), истакнувајќи дека земјата се наоѓа на работ на рушење. “Грција не постигнала доволен напредок во разговорите со европските партнери за отклучување на крајно потребните средства од спасувачката програма на ЕУ и ММФ”, изјави комесарот за монетарни прашања Валдис Домбровскис.”Напредокот во техничките преговори не е доволен за да се постигне договор за време на средбата на Еврогрупата во Рига “, изјави еврокомесарот.